Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку војници изгуби Израел денеска во борбите во Газа?

Koлку војници изгуби Израел денеска во борбите во Газа?

Израел соопшти колку жртви има денеска во воените дејствија. Тринаесет израелски војници загинаа денеска во борбите со палестинската терористичка група Хамас во Појасот Газа. 

„Тие беа убиени денеска на северот од затворениот крајбрежен појас“, објави војската.

Двајца војници загинаа во борбите вчера, со што вкупно загинаа 15 војници откако армијата го прошири распоредувањето на копнените трупи во Газа.

Израелската армија со недели ја бомбардира Газа и воведе нова фаза од војната против Хамас, со започнување постојани копнени операции викендов.

„Паралелно, воздушните и поморските сили спроведуваа операција напаѓајќи десетици други цели на Хамас“, соопшти војската.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека го убиле водачот на противтенковската ракетна единица на Хамас. 

„Го убивме Мухамед Асар во ракетен напад. Асар беше одговорен за сите антитенковски ракетни единици на Хамас низ појасот Газа“, се вели во соопштението. 

Јордан одлучи веднаш да го повлече својот амбасадор од Израел за да изрази протест и осуда за израелската војна во Газа. На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. 

фото принтскрин Твитер

Слично

Поврзани вести