Колку украински војници гинат дневно во Донбас?
Во Донбас во Украина дневно гинат од 200 до 500 украински војници.
Шефот на фракцијата на партијата Слуга на народот во Врховната Рада и шефот на украинската делегација на мировните преговори со Русија Даид Арахамија за време на посетата на САД, како што пренесува „Аксиос“ кажал дека загубите на Украина во убиени и ранети во Донбас изнесуваат и до илјада луѓе дневно. Aрахамиа вели дека бројот на жртвите значително се зголемил во последните две седмици.
Украина мобилизираше милион луѓе во армијата и може да мобилизира уште два милиони.
„Имаме луѓе обучени за напад, контранапад, но за ова е потребно оружје“, кажа тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кон крајот на мај изјави дека земјата секојдневно губи меѓу 60-100 луѓе во Донбас, а има и по 500 ранети.
Русите на 24 февруари ја нападнаа Украина. Иако првично сакаа и заземање на Киев, потоа се концентрираа на Донбас. Русија бара воена неутралноста на Украина, но и отцепување на територии.
foto EPA/ LUDOVIC MARIN / POOL
