Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку троши Ангела Меркел за шминка и фризура годишно?

Колку троши Ангела Меркел за шминка и фризура годишно?

Екс германската канцеларка, Ангела Меркел вработи жена која работи кај неа како фризер, шминкер и моден дизајнер.

Германската влада потрошила скоро 55.000 евра за козметика и фризура на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) откако таа ја напушти функцијата на крајот на 2021 година, објави Федералната канцеларија на барање на весникот „Тагес Шпигел“. 

Трошоците за овие услуги изнесуваат 37.780 евра за изминатата година, а во 2023 година Владата за оваа намена досега требаше да издвои 17.200 евра. Тоа значи дека за убавиот изглед на поранешниот шеф на владата се трошат по околу 3.000 евра месечно. Тука спаѓаат патните трошоци и сместувањето во хотел за стилистот кој ја придружува Меркел на состаноците, пренесува германскиот весник.

Федералната канцеларија првично одби да даде информации за висината на трошоците, наведувајќи ги личните права, како и деловните тајни. Здружението на даночни обврзници остро ги критикуваше зголемените трошоци за јавни настапи на државниот врв, тврдејќи дека тие се несоодветни.

Претседателот на тоа здружение Рајнер Холзнагел вели дека овие трошоци треба да се сведат на минимум. 

Слично

Поврзани вести