Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку “тежи“ кралицата Елизабета?

Колку “тежи“  кралицата Елизабета?
Улогата на британската кралица Елизабета Втора најчесто е формална и сите нејзините политички обврски и овластувања со текот на времето станале надлежност на британската влада. Меѓутоа, кралицата сè уште ужива во некои исклучителни овластувања. Имотот на круната е независен комерцијален бизнис со недвижнини, со едно од најголемите портфолија на имот во Обединетото Кралство и капитална вредност со историска сума од 11,5 милијарди фунти. Мнозинството од имотите во портфолиото се наоѓаат во Лондон, но има и имоти во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Иако има недвижнини како Големиот парк на куќата Виндзор или Аскот патеките за коњски трки, поголемиот дел од овие имоти се станбени објекти, комерцијални канцеларии, продавници и бизнис центри. Речиси сите овие објекти се наоѓаат на улицата Риџент во Вест Енд, Лондон. Според моменталниот договор за фондирање, сите профити на имотот се ставаат во трезорот и 15 проценти од овие пари се даваат на кралицата лично. kolku-bogata-kralicata-04 Фондирањето е познато под името Суверен грант, и се користи за поддршка на кралицата во нејзините официјални обврски. Минатата година грантот изнесувал 37,9 милиони фунти, од кои кралицата потрошила 35,7 милиони. Технички, Имотот на круната припаѓа на крунисаниот монарх за време на неговото владеење, но во пракса не може да биде продаден од негова страна. „Приватната чанта“ „Приватната чанта“, или The privy purse, ја сочинуваат приватните приходи на кралицата, кои се претежно користени за плаќање на трошоците кои ги прават другите членови на кралското семејство. Фондовите за приватната чанта доаѓаат претежно од Војводството од Ланкастер, портолио на земја и недвижнини во сопственост на кралицата, кое се уредува одделно од Имотот на круната. Портфолиото е составено од 18.454 хектари земја во Англија и Велс, а во него има комерцијален, земјоделски и станбен имот. Иако е класифициран како приватен имот на кралицата и е наследен, не може да биде продаден од нејзина страна. Како и Имотот на круната, профитите од Војводството од Ланкастер одат во трезорот, кој потоа ѝ дава фондови на кралицата за трошоците кои не се покриени со Суверениот грант. Оваа година приватните приходи на кралицата изнесуваат 13.3 милиони фунти. kolku-bogata-kralicata-05 Одделно, приходите од Војводството од Кромвел ги обезбедува приватните и официјалните трошоци на принцот од Велс и војвотката од Кромвел. И двајцата се „помилувани“ од плаќање на данок од страна на владата, бидејќи се дел од официјалната Круна. Инвестициите на кралицата Другите делови од приватните примања на кралицата се помалку познати. Според Sunday Times, таа има инвестициско портфолио кое е сочинето претежно од акции во британски компании, а има вредност од 110 милиони фунти. Кралицата исто така е сопственик на приватен имот, како Куќата Сандрингем во Норфолк, Замокот Балморал во Абердиншаер, и други помали куќи. Другите лични добра ги вклучуваат Кралската колекција на поштенски марки, уметност, скапоцени камења, коњи и наследството на Мајката кралица. Настрана од личните сопствености на кралицата, постои и Кралската колекција, составена од Скапоцените камења на круната и уметнички ремек-дела. Сочинета е од повеќе од милион предмети и вреди 10 милијарди фунти, но не е вклучена во богатството на кралицата бидејќи се чува за нејзините наследници и за земјата. Оваа колекција е чувана на повеќе места, како Судската палата во Хемптон и Замокот во Виндзор. Обработка: К.К. Извор:  Sunday Times
Слично

Поврзани вести