Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку странци загинаа во земјотресот во Турција?

Колку странци загинаа во земјотресот во Турција?

Бројот жртви од земјотресот во Турција се искачи над 49.500 луѓе, а близу 7.000 се странци. 

Податоците покажуваат дека меѓу загинатите 6.807 се странски државјани. Нема многу детали од кои земји се странците, но она што е познато е дека има голем број бегалци од соседната Сирија.  Земјотреси  од 7,7 и 7,6 степени на 6-ти февруари ја погодија провинцијата Кахраманмараш во југоисточна Турција. Потресите стресоа 11 провинции во земјата и соседните држави, вклучително и Сирија.

Вкупната штета од катастрофата, надмина 105 милијарди долари. Материјалните загуби може да достигнат 9 отсто од проектираниот бруто национален приход на Турција во 2023 година. 

Луѓето кои останаа без домови се сместија во шатори, но таму имаше поплави и жртви. 

Денеска на централна Турција имало повеќе послаби земјотреси, како и на границата меѓу Турција и Сирија. 

Слично

Поврзани вести