Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку се платени порно глумиците?

Колку се платени порно глумиците?
Aња Сана од Јапонија, подобро позната како Хина Куруми размислува за тоа како да го плати својот данок. Таа има 23 години и се занимава со глумење во порно филмовите. Под нејзиното порно име играла во "Max Girls 6" и "School Days" и заработила 60.000 евра за две години. Под сегашното име, Ања за истиот период играла во "Deprived of dark desire: A woman and daughter in despair" и заработила два пати повеќе - 112.000 евра. Најмногу заработила во август минатата година кога во нецензуриран филм остварила заработка од неверојатни 30.000 евра. Откако го снимила својот прв филм, Сана морала да се повлече од сите дотогашни ТВ проекти. Секако, имала проблеми поради честите расправии со нејзината мајка. Таа ја објаснува менталната состојба на просечната порно глумица и вели дека не е пример за стабилност. „За неколку десетици илјади евра, морам да глумам дека возбудувам маж со моето тело. Потоа тоа се снима и се продава. Тоа е мојата работа. Жените станаа производ на најнискиот и најлошиот начин. Сега да бидеш сакан не е на прво место", вели таа. Исто така, додава дека дел од работата се постојаните расправии со членовите на нејзиното семејство. Шукан Јицува се запрашува дали сето тоа е навистина вредно, ако имаме во предвид дека просечната плата е 3.500 евра, колку што во Јапонија заработуваат административните работници. „Заклучокот е, ако работите само за пари, нема долго да опстанете во бизнисот. Секогаш ќе ви недостасуваат средства. Важната работа е некој да ужива во тоа што го прави."
Слично

Поврзани вести