Колку се долги и широки тунелите под Газа кои Хамас ги користи?
Палестинските милитанти со години ја користат бескрајната мрежа на тунели под Газа за шверц на стоки и оружје од Египет, како и за ненадејни напади врз Израел.
Тунелите на Хамас под Газа се широки по 30 метри, a во нив се шверцува оружје. Израелците го нарекуваат „Метро во Газа“. Во 2021 година Хамас тврдеше дека изградил 500 километри тунели под Газа. Милитантите ги користат тунелите за транспорт на луѓе и стоки, складирање ракети и муниција. Нивната главна предност е што се далеку од камерите на израелските шпионски дронови и авиони.
Критичарите тврдат дека Хамас можел да ги пренасочи парите наменети за изградба на тунели за цивилни засолништа или системи за предупредување, како што се оние преку границата во Израел.
На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. Сега се случува хуманитарна катастрофа во Појасот Газа.
Повеќе од 3.700 луѓе загинаа, меѓу кои 1.524 деца во Појасот Газа од 7 месецов досега.
