Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку Руси се убиени и ранети во Украина?

Колку Руси се убиени и ранети во Украина?

Над 75.000 руски војници, околу половина од тие што Москва ги испрати за  да ја нападне Украина во февруари, се верува дека се убиени или ранети. Податокот го соопшти пратеничката Елиса Слоткин, член на Преставничкиот дом на САД, по доверлив брифинг со претставници од администрацијата на претседателот Џо Бајден. Вели дека бројката е „огромна“.

„Имаше неверојатни инвестиции во нивните копнени сили, а сега над 80 отсто од нив се заглавени и се уморни“, рече Слоткин.
Последната проценка на ЦИА беше дека 15.000 руски  војници биле убиени во борбите. Русија не соопштува бројки. Војната почна на 24 февруари. 

foto EPA/ROMAN PILIPEY

Слично

Поврзани вести