Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ ШИРИ ОМИКРОНОТ, ТОЛКУ Е ПОГОЛЕМА ШАНСАТА ЗА ПООПАСНИ ВАРИЈАНТИ: СЗО алармира дека и најсилните здравствени системи се борат

КОЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ ШИРИ ОМИКРОНОТ, ТОЛКУ Е ПОГОЛЕМА ШАНСАТА ЗА ПООПАСНИ ВАРИЈАНТИ: СЗО алармира дека и најсилните здравствени системи се борат

САД, Велика Британија, Франција и Австралија потврдија рекордни стапки на ковид-19, а Светската здравствена организација предупреди дека вртоглавото ширење на омикрон го зголемува ризикот од нови и поопасни варијанти, пишува Вечерњи лист.

Велика Британија имаше повеќе од 200.000 нови случаи за прв пат во вторникот, Австралија скоро 50.000 и Франција повеќе од 270.000 заразени со коронавирус. Сите три земји ги соборија своите претходни рекорди.

Но, дури и тие бројки се пониски од 1.080.211 инфекции во Соединетите држави во понеделникот, што е глобален рекорд. Бројките веројатно уште повеќе скокнале по тридневниот новогодишен викенд.

Седумдневниот просек, кој експертите го сметаат за најсигурен, беше 486.000 случаи на ден до понеделникот навечер, информираат од Универзитетот Џон Хопкинс.

Светската здравствена организација вчера предупреди дека зголемувањето на инфекциите може да има спротивен ефект.

-Колку е пораспространет омикрон, толку повеќе се пренесува и повеќе се реплицира, па веројатно ќе исфрли нова варијанта“, изјави Кетрин Смолвуд од СЗО во интервју за АФП.

- Омикрон е смртоносен, ... можеби нешто помалку од делта, но кој би можел да каже која ќе биде следната варијанта. Во моментов, дури и добро опремени, софистицирани здравствени системи се борат.


Слично

Поврзани вести