Колку пари всушност има Apple?
Apple дефинитивно е компанијата на 21 век, а по скокот на врвот на листата на најмоќни брендови, беше објавена и информацијата дека „седи“ на најголемо богатство. Како што пишува NBC, низ Apple поминуваат еден куп пари.
Огромната сума од 147 милијарди долари е речиси десет проценти од вкупните средства што се во рацете на корпорациите во САД, ако не се сметаат оние од финансискиот сектор.
Количината на пари во американските компании во јуни 2013 година беше 1,48 билиони долари, што е за околу два проценти повеќе од крајот на 2012 година. Станува збор за 1.067 компании со седиште во САД кои биле земени во предвид.
IT секторот во моментот е најбогат, а главните играчи се Apple, Microsoft, Google и Sisco, кои заедно тежат 329 милијарди долари.
Слично
