Колку пари од буџетот на САД изедоа војните во Ирак и Авганистан?!
Војните во Ирак и Авганистан на долг рок ќе ги чини САД од 4 до 6 билиони долари и со тоа ќе го оптоварат државниот буџет во идните децении, покажува студијата објавена денеска.
Како што е наведено од страна на Линда Билмес, експерт на Универзитетот Харвард, САД ќе треба да се погрижат за зголемување на бројот на воените ветерани, околу 2,5 милиони евра, со враќањето на кредитот што е земен со цел да се покријат трошоците на војната.
„Една од последиците на овие одлуки за буџетот за време на војната во Ирак и Авганистан е дека САД, исто така, ќе мора да го намали износот за вработените, дипломатијата, за истражување и развој и да ги преиспита дел од воените иницијативи", се вели во извештајот.
Билмес која работела за владата и во времето на Клинтон, изјави дека САД досега потрошиле два билона долари за двете војни, од времето на Џорџ Буш.
Но, вели Билмес, најмногу пари ќе бидат потрошени за инвалидски пензии и медицинска грижа за ранетите војници, а повеќе од половина од 1.560.000 пензионирани војници ќе земаат доживотна пензија. Тоа е најголемиот број досега, вели Билмес.
Последните анкети покажуваат дека Американците се повеќе се уморни од војната во Авганистан и дека ја критикуваат одлуката на Џорџ Буш од пред десет години за инвазија врз Ирак. Доналд Рамсфелд, секретар за одбрана во владата на Буш, рече пред инвазијата дека војната би чинела околу 50 милијарди долари.
Слично
