Колку пари ќе инвестираат САД во Ерменија?
Соединетите Американски Држави(САД) ќе инвестираат девет милијарди долари во Ерменија.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, потпиша договор со ерменските власти во Ереван за соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан, цитиран од Ројтерс.
Спогодбата им овозможува на американските компании да извезуваат нуклеарна технологија, како и гориво и услуги во Ерменија. Покрај тоа, американските компании ќе можат да учествуваат на тендерот за замена на ерменската нуклеарна централа, која обезбедува околу 40 отсто од електричната енергија во земјата, со мали модуларни реактори.
Венс вети дека Ерменија ќе добие инвестиции во износ од девет милијарди долари во две фази, објави ерменската новинска агенција Арка. Ова ќе ѝ овозможи на земјата да се откаже од руската нуклеарна енергија, објави Блумберг.
Ерменскиот премиер, исто така, рече дека неговата земја купила воени беспилотни летала од Соединетите Американски Држави, објави Арменпрес.
foto Wikipedia/Serouj Ourishian
