Колку пари им нуди Русија на Палестинците за да војуваат во Украина?
Русија бара нови борци за војната во Украина.
Русите врбуваат Палестинци да војуваат во Украина. Руски агенти во регионот им нудат плата од 350 до 700 долари месечно, тврди извор од либанската служба за безбедност за порталот „Медиа Лајн“, пренесува Б92.
Сè повеќе Палестинци кои живеат во бегалски кампови во Либан се пријавуваат да се приклучат во руската армија. Повеќето од оние што се пријавиле се родени по 1969 година. Тие немаат соодветна регистрација кај либанските власти, што им го олеснува патувањето за да учествуваат во конфликтот како платеници. Регрутите наводно се членови на политичкото движење Фатах, како и други организации како Народниот фронт за ослободување на Палестина. Риад Кахваџи, либански истражувач вели дека состојбата во камповите е мизерна, а за младите нема никаква перспектива.
Повеќето од Палестинците кои се на фронтот во Украина доаѓаат од Аин ал Хилвех, најголемиот палестински бегалски камп во Либан, пренесе„Џерусалим пост“. Лани медиумите пишуваа дека Русија ќе врбува Авганистанци за војување во Украина.
Teшки борби се водат за градот Бахмут во Украина.
EPA-EFE/YAHYA NEMAH