Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари даваат Британците за кралицата?

Колку пари даваат Британците за кралицата?

Секој жител на Британија за кралицата Елизабета, за кралското семејство и за одржување на кралскиот имот, годишно издвојува по 65 пени. 

Oва се гледа од податоците за трошоците и приходите за монархијата.

Претставник на британската администрација која води сметка за кралската економија, вели дека станува збор за давачка, која е еднаква на вредноста на една поштенска марка за пратка во внатрешноста на земјата.

Британското републиканско движење Република, во својата изјава по повод соопштувањето на давачките, приходите и трошоците за кралското семејство и нивните имоти, се заложи за укинување на монархијата, со што „државата ќе заштеди милионски суми“.

Таа и монархијата не само што го одржуваат угледот на Обединетото Кралство во светот и домашната стабилност, туку се и атракција за милиони странски гости и туристи, кои најчесто затоа ја посетуваат земјата, купуваат илајднци сувенири поврзани со монархијата или посетуваат објекти и локалитети кои носат приход во британскиот буџет.

Следните две години за потребите на монархијата од државните фондови ќе бидат издвоени 82,2 милиони фунти.

Привзениците на монархизмот, посебно каков што е британскиот, сметаат дека државата има полза од кралицата.

Слично

Поврзани вести