Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку од младите во ЕУ работат за викенд?

Колку од младите во ЕУ работат за викенд?

Дури 29 проценти од вработените млади во ЕУ работат за викенд. 

Во Грција дури 47 проценти од младите вработени се на работа за викенд. 

Според Еуростат, овие податоци се за младите на возраст од 20 до 34 години,  за 2016 година.

Зад Грција се Италија, Ирска, Холандија и Кипар. 

Од друга страна само 11 проценти од младите вработени во Унгарија работат за викенди, а слично е и во Португалија и Полска. 

Во Хрватска и Чешка 18 проценти од младите се ангажирани за викендите. 

Нешто повеќе од младите работат во сабота и недела во Латвија и Бугарија. 

Состојбата е таква затоа што луѓето и за викенди имаат потреба од услуги, а има и висока конкуренција. Овие податоци не се само за секторот трговија, туку и за други дејности. Секој петти со високо образование работи за викенди во земјите од ЕУ, а во Португалија е обратно, таму за викенди работат повеќето од луѓето кои се со високо образование. 

Слично

Поврзани вести