Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку од Германците сакаат реизбор на Меркел?

Колку од Германците сакаат реизбор на Меркел?

55% од Германците го сакаат реизборот на канцеларката Ангела Меркел

Над половина Германци поддржуваат реизбор на  Меркел за уште еден мандат како сојузен канцелар.

Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување, извршено од Институтот за истражување на јавното мислење Emnid за весникот „Bild am Sonntag"

Резултатите покажуваат дека 55% од испитаниците би сакале Меркел да остане владина раководителка и по парламентарните избори следната година. Со спротивно мислење се 39% од Германците.

Според весникот показателите за Меркел во социолошките истражувања значително се подобрија. Во август, на пример, само 42% од Германците се изјаснија за нов канцлерски мандат на Меркел, а половина од анкетираните  беа против.


Слично

Поврзани вести