Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку муслимани ќе има Германија до 2050 година?

Колку муслимани ќе има Германија до 2050 година?

Процентот на муслиманско население во Германија би можело да се удвои до 2050 година. 

Во цела Европа процентот може тројно да се зголеми, покажува истражување на институтот Пју (Pew), објавено во Берлин.

„Во Германија, ако се земе предвид регуларната миграција без бегалски бранови, до 2050 година уделот на муслиманското население би можел да изнесува 11%, што е двојно повеќе од денес“- се тврди во студијата на американскиот институт.

Без регуларната миграција уделот од сегашните 5,5% би можел да се зголеми на 9%, според проценката на Пју. Причина за тоа е фактот што граѓаните со муслиманска вероизповед во просек се помлади од остатокот од населението и дека муслиманските жени во просек раѓаат повеќе деца (1,9) од остатокот од женската популација (1,4 деца по жена).

Земја со најголем процент муслиманско население во ЕУ е Франција (8,8%), зад која следат Шведска (8,1%) и Велика Британија (6,3%).

Повеќе Германци пристигнувањето на големиот број бегалци од Сирија и Ирак не го доживуваат како „сериозна закана“, за разлика од анкетираните во Полска, Унгарија, Италија и Грција.

Во Полска, во која отпорот на јавноста кон муслиманските доселеници е многу изразен, живеат 0,1% муслимани.

Слично

Поврзани вести