Колку мигранти се спасени, а колку се удавија во Средоземното Море?
Околу 4655 мигранти се спасени вчера, а 28 тела на загинати се извадени од морето.
Имало над 30 спасувачки мисии крај бреговите на Либија, изјави италијанската крајбрежна стража, цитирана од агенциите.
Повеќе од 10 000 бегалци се спасени само за два дена, а најмалку 50 лица загинале во обид да го преминат Медитеранот.
Од почетокот на годината во Италија по море пристигнале барем 142 000 мигранти, а скоро 3100 загинале при опасното патување.
Овие ризични обиди за стигнување до Европа зачестија во последно време.
Слично
