Колку мигранти се депортирани од Австрија?
Околу 8.000 мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка ја напуштиле територијата на Австрија во првите девет месеци од годината.
Надвор од границите на земјата заминале 7826 лица. Од нив 3311 биле депортирани принудно, а 4515 си заминале доброволно. Според властите половина од депортираните биле предадени на други земји од Европската унија во рамките на Даблинското договор за прием на бегалци.
Според податоците на Виена од почетокот на годината 34 657 лица поднеле апликации со барање за азил во Австрија. Дозвола добиле 28 298 луѓе. На овој начин капацитетот за прием на мигранти во земјата е исцрпен на 75% за периодот од јануари до септември.
Овој март владата во Виена изјави дека во 2016 година ќе даде статус на бегалци на максимален број од 37 500 мигранти. По постигнувањето на оваа бројка може да биде воведена вонредна состојба, што вклучува и затворање на границите.
