Колку масовни гробници остави зад себе „Исламска држава“?
Групата „Исламска држава“ зад себе остави 72 масовни гробници и над 15.000 мртви.
Се очекува оваа бројка да расте како што ќе се повлекуваат исламистите.
Во Сирија има 17 вакви гробници, а во една е закопано едно племе и таму се најдени стотина тела.
Таква локација има и кај затворот Бадуш кај Мосул каде се убиени 600 затвореници.
Во 2014 година 1.700 ирачки војници се стрелани во кампот Спејчер во Тикрит.
Две години подоцна, на 21 август 2016 година во Ирак 36 џихадисти се убиени поради тие убиства.
Од 72 гробници, најмалата има само три тела, а најголемата има илјадници тела.
Слично
