Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку луѓе загинаа во американските напади на Венецуела?

Koлку луѓе загинаа во американските напади на Венецуела?

Венецуела официјално не го објавила бројот на жртви во вчерашниот американски напад, во кој беа заробени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга. Повикувајќи се на неименуван венецуелски функционер, „Њујорк тајмс“ објави дека загинале најмалку 40 луѓе, вклучувајќи цивили и припадници на вооружените сили.

САД вчера кажаа дека воената акција била внимателно и прецизно планирана неколку месеци токму со цел да се минимизираат цивилните жртви.

„Њујорк тајмс“ објави дека покрај воениот аеродром „Ла Карлота“ во центарот на Каракас, била погодена и трикатна станбена зграда во западниот дел на градот, при што загинала една постара жена.

Покрај Каракас, владата кажа дека имало напади и во покраините Миранда, Арагва и Ла Гваира.

Потпретседателката Делси Родригес, која Врховниот суд ја прогласи за привремена претседателка, вчера изјави дека имало цивилни и воени жртви, без да наведе бројки.

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека во акцијата немало загинати американски војници, туку само мал број повредени. 

foto printskrin X

Слично

Поврзани вести