Колку луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во Алепо?
16 000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во сирискиот град Алепо поради интензивните напади во источните делови кои ги контролираат џихадистите.
Ова го соопшти заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Стивен О'Брајан, цитиран од агенциите. Податоците се според првичните извештаи.
Во реонот веќе нема активни болници, а резервите со храна се речиси исцрпени и е веројатно уште илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, доколку борбите продолжат во наредните денови, наведе тој во писмена изјава.
Слично
