Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе се повредени во земјотресот во Иран?

Колку луѓе се повредени во земјотресот во Иран?

Најмалку 76 луѓе се повредени во земјотресот од 5,3 степени според Рихтеровата скала која го потресе југозападниот дел на Иран, јавуваат државните ирански медиуми.

Во земјотресот се оштетени многу  станбени згради.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 160 километри северозападно од градот Шираз.

Во ноември лани, земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер ја погоди провинцијата Керманшан долж границата со Ирак.

Тогаш загинаа најмалку 620 луѓе, а повеќе од 1000 беа повредени.

Слично

Поврзани вести