Колку луѓе починаа од коронавирусот во Европа?
Во Европа досега повеќе од 1,5 милиони луѓе починале од коронавирусот.
Поради високите бројки на заразени и починати, неколку земји повторно воведуваат ограничувања. Во европската зона од средината на јули има зголемување на бројот на нови смртни случаи, со што Европа стана новиот епицентар на пандемијата и во последните седум дена има просечно по 4.210 жртви дневно
Светската здравствена организација (СЗО) претходно соопшти дека во другите делови на светот се намалува, но во Европа расте бројот на ковид случаи. Словачка се затвори со цел да се заштити од вирусот. Зимава се очекува висока смртност во Европа.
Слично
