Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе загинаа во војната во Сирија?

Колку луѓе загинаа во војната во Сирија?

Над 300 000 луѓе се убиени за време на конфликтот во Сирија, кој започна во март 2011 година.

Ова се наведува во соопштението на Сирискиот центар за човекови права со седиште во Британија. Соопштението е објавено по првиот ден од договореното примирје меѓу Русија и САД. Според податоците на организацијата од загинатите 310 781 луѓе над 86 000 се цивили. Податоците покажуваат зголемување за 9000 лица во споредба со претходната статистика на центарот од август оваа година. Примирјето во Сирија стапи на сила во понеделникот  како дел од договорот за ставање крај на војната меѓу бунтовниците и владините сили. Примирјето договорено од САД и Русија, започна во 19 часот по локално време во цела Сирија со исклучок на контролираните области од џихадисти. Досега договорот е официјално поддржана од сириската влада и неговите сојузници, а опозициските сили се уште не реагирале официјално. Во меѓувреме Русија најави дека независно од примирјето ќе продолжи да ги напаѓа терористички цели.

Слично

Поврзани вести