КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ: Руската Спутник тврди дек нејзината вакцина ќе биде многу поевтина од онаа на Фајзер и Модерна
Цената на руската вакцина „Спутник V“ ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, објавено е на Твитер профилот на Спутник V, пренесува Танјуг.
Како што е наведено, објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер“ и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена“ всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на една личност и требаат две дози на вакцината „Фајзер“,„Спутник V“и „Модерна
Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
Слично
