Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку казни за тероризам се изречени во Белгија?

Колку казни за тероризам се изречени во Белгија?

Во последните две години во Белгија се изречени 249 казни за тероризам, но само 13 терористи се во затвор. 

Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од Министерството за правда.

Се забележува дека во периодот од 2006 до 2013 година во земјата годишно казни за тероризам добивале во просек по десетина лица. Во некои случаи против еден обвинет се изрекувани неколку судски одлуки.

Повеќето пресуди се изречени во отсуство на обвинетите, за кои се претпоставува дека уште се на фронтот во Сирија или Ирак.

Според податоците на службите 457 белгиски државјани се приклучиле на редовите на терористичката група „Исламска држава" во Сирија и Ирак.

Од овој број, 288 Белгијци во моментов се наоѓаат во една од двете блискоисточни земји, а за 90 се тврди дека загинале на фронтот.


Слично

Поврзани вести