Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку Каталонија навистина и е важна на Шпанија?

Koлку Каталонија навистина и е важна на Шпанија?

На површина од  32.114 квадратни км се протега Каталонија, односно зазема 6.3% од територијата на Шпанија. 

Но, со економија која вреди 215,6 милијарди евра, Каталонија е пред многу земји од еврозоната. 

Тоа е 20% од БДП на Шпанија, а извозот во вредност од 62,5 милијарди евра, е 25% од вкупниот извоз на Шпанија. 

37 милијарди евра чинат инвестициите во Каталонија, а тоа е повеќе од четвртина од инвестициите во цела Шпанија. 

Во однос на целата земја, Каталонија има помала стапка на невработеност, но и помали класни разлики меѓу населението. 

Просекот на Шпанија е 17.2% невработеност, а во Каталонија е 13.2%. 

Истражувањата покажуваат дека Каталонците живеат подобро од остатокот од земјата. 

Но, од Брисел за Каталонците стигнаа лоши вести со тоа што тие не го поддржуваат референдумот. 

Слично

Поврзани вести