Kолку изнесувал лани глобалниот извоз на автомобили?
Според податоци на World's Top Export глобалниот извоз на автомобили во 2015 година изнесувал 672,9 милијарди долари.
Автомобилите се втор најизвезуван производ во светот, а пред нив е само суровата нафта.
Европските земји сочинуваат над половина од сите продажби на автомобили. Испораките изнесуваат 363,9 милијарди долари, или 54,1% од сите меѓународни продажби на возила.
Вредноста на вкупниот меѓународен извоз на автомобили за 2015 година забележува зголемување од 5,5% во однос на 2011 година, но сепак е за 5,2% помалку во однос на 2014 година.
Во Европа се наоѓа и земјата каде извозот лани достигна највисоки резултати - Германија со 152,7 милијарди долари, или 22,7% од глобалниот извоз.
На второ место на листата е Јапонија со 86,1 милијарди долари, или 12,8% од меѓународна продажба, а на третото место се САД со 55,3 милијарди долари, или 8,2%.
Во првите десет има уште четири европски земји и тоа Велика Британија, Шпанија, Белгија и Франција. Топ 10 листата се дополнува со Канада, Јужна Кореја и Мексико. Првите петнаесет држави формираат 88,7% од глобалниот извоз на автомобили во 2015 година.
