Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку исламисти се убиени во Ирак и Сирија?

Колку исламисти се убиени во Ирак и Сирија?

Во Ирак и во Сирија се убиени 45.000 борци на групата „Исламска држава“.

Ова е билансот на ликвидирани од коалицијата предводена од САД која пред две години започна воздушни напади, изјави американскиот генерал Шон Мекфарланд, кој командува со операциите на коалицијата.

„Сметаме дека во изминатите 11 месеци сме убиле околу 25.000 џихадисти. Ако на тоа ги додадеме 20.000 кои се претходно убиени, тогаш бројката изнесува 45.000 непријатели помалку на военото поле. Бројот на борците се намали. Не станува збор само за намалување на бројот, туку и на квалитетот. Забележуваме дека дејствуваат понеефикасно од претходно, па затоа се лесна мета за нас“- вели Мекфарланд.

Вели дека групата сега има меѓу 15.000 и 30.000 борци, но многу тешко ги пополнува своите редови.

Исламистите останаа и без 25.000 километри квадратни територија, која беше под нивна контрола во Ирак и во Сирија.

Авганистанските сили, со помош на САД убиле 300 борци на „Исламска држава“ во операциите кои ги покренале пред две недели.

Слично

Поврзани вести