КОЛКУ ИМА НАЈБОГАТИОТ: Бројот на милијардери во Кина ги надмина САД!
Бројот на милијардери во Кина го надмина оној на САД за прв пат, покажа годишното истражување.
И покрај забавувањето на растот во втората по големина економија во светот, милијардери во Кина веќе се 596 и ги надминуваат оние во САД, каде тие се 537 на број.
Тоа го покажува истражувањето на кинеското бизнис издание "Хужун" / кинескиот аналог на Fortune /. Тоа стана возможно благодарение на развојот во областа на технологијата и масовното производство во Кина, пишуваат кинеските медиуми.
Од оценката станува јасно дека најпрофитабилните гранки се онлајн трговијата, забавата и други услуги. Треба да се напомене дека металургијата и приносот на минерали донесоа помала добивка за земјата, пренесува Sputnik news.
Оваа година нивниот број е зголемен од 242 до 596, пишува весникот. Најбогатиот жител на Кина е претседателот на компанијата Wanda Ван Цзјанлин. 61-годишниот бизнисмен и неговото семејство поседуваат богатство од 220 милијарди јуани / 34,4 милијарди долари.
Неговата компанија се занимава со изградба и експлоатација на туристички и рекреативни објекти, како и на трговки центри и хотели не само во Кина, но и во други земји. Втор е Ма Јун, основачот на компанијата за интернет трговија Alibaba со 145 милијарди јуани / 22,7 милијарди долари /.
Слично
