Колку илјади евра може да се потрошат во предизборна кампања – за слатки!!!
Марин ле Пен, жената која сака Франција да ја извади од еврозоната, потрошила над 22 000 евро за слатки, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Сумата излезе во јавност откако француската Комисија за трошоци во предизборните кампањи објави детали за трошоците кои ги направила лидерката на Националниот фронт, Марин ле Пен, за време на минатогодишните претседателски избори.
Во својство на претседателски кандидат, Ле Пен имала право како свои трошоци да посочи различни суми од нејзината предизборна кампања.
Таа пријавила дека нејзините предизборни расходи изнесувале 9. 960. 908 евра. Откако комисијата ја разгледала документацијата што била приложена кон потрошената сума, таа одбила да и признае на Ле Пен 696,965 евра, што е 7,66 проценти од целата сума.
Меѓу откриените податоци за расходите на крајнодесничарската лидерка освен сумите, потрошени за слатки, впечатливи се и трошоците за ноќевања во хотел со четири ѕвездички во Ница, што изнесувале по 1.363 евра, како и бал од 2011 година, за чија организација биле потрошени над 131.000 евра.
Освен тоа. Ле Пен ангажирала и приватни телохранители иако државата во тој период и ја гарантирала безбедноста.
Крајнодесничарската лидерка, која ќе се кандидира за европратеник на изборите следната година, изјави дека ги дала сите документи за расходи за да не ја обвинат дека криела пари и фактури, како што се случи со Никола Саркози
