Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку храна годишно фрлаат Американците?

Колку храна годишно фрлаат Американците?

Американците годишно фрлаат околу 36 милијарди тони храна, покажуваат истражувањата.

Половина од нив не се свесни колкав проблем е фрлањето на храна. Тие сметаат дека е добро да се фрли храната за да не дојде до заразни болести, ако веќе стоела неколку денови.

Околу 68% мислат дека на ваков начин спречуваат болести и го чуваат здравјето.

Од испитаниците 77% велат дека имаат грижа на совест затоа што фрлаат храна, но затоа пак признаваат дека при купување претеруваат.

Помалку од половина од анкетираните не сметаат дека фрлањето храна е фрлање на пари, а помал дел велат дека мора да се фрли дел од храната за да јадат вкусно и свежо.

Во Америка има конфузија за рокот на употреба, така што некои производи имаат рок до кога треба да се продаваат, а други се со рок до кога би требало да се употребуваат.

Владата планира до 2030 година отпадот од храна да го намали за 50%.

Слично

Поврзани вести