Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку години затвор може да добие Пуџдемон?

Колку години затвор може да добие Пуџдемон?

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон може да се соочи со казна затвор до 30 години. 

Судењето почна денеска, а тој не се појави во суд. Пучдемон и четворица негови „министри“ и понатаму се во Белгија каде отпатуваа за викендот. Тие се подготвени да одговараат на прашања преку видео линк од Белгија, а се очекува реакција на шпанското правосудство. Се смета дека Пуџдемон во Шпанија не би имал правично судење. 

За бунт против шпанската држава се обвинети 14 функционери на регионалната влада и шест функционери на регионалниот парламент во Каталонија.  Нивното сослушување почна во 9 часот утрово во Мадрид.

Тие се товарат со бунт, непослушност и користење јавни пари за организирање на незаконскиот референдум, за што им се закануваат казни до 30 години затвор.

Шпанската влада ја разреши од должност каталонската влада во саботата. Еден ден претходно во каталонскиот парламент прогласија отцепување на североисточната покраина со 7,5 милиони жители.

Одлуката за прогласување независност каталонските власти го засноваа врз резултатот на референдумот одржан на 1 октомври, а за кој се исто така обвинети во судот во Мадрид затоа што референдумот одржан во само една покраина е спротивен на шпанскиот Устав.

Слично

Поврзани вести