Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку е задолжен целиот свет?

Колку е задолжен целиот свет?
Вкупниот долг во светот надмина 100 билиони (100 илјади милијарди) американски долари, а само во последните пет години долгот е зголемен за 40%. Според податоците на Банката за меѓународно порамнување, од средината на 2007 кога се појавија првите знаци на светската економска криза, до 2013 година задолженоста се зголемила за 40%, бидејќи државите активно позајмуваа средства за да се извлечат од рецесија, а компаниите ги користеа ниските каматни стапки. Во истиот тој период вкупната капитализација на светските берзи падна за 3,85 билиони долари, на 53,8 билиони.
Слично

Поврзани вести