Колку деца во светот живеат во зони на конфликти?
Овие деца немаат пристап до медицинска нега, образование, храна, тврдат од УНИЦЕФ.
535 милиони деца во светот или секое четврто дете живеат во зони погодени од конфликти или несреќи, соопшти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), цитиран од ДПА.
Организацијата предупреди дека овие деца често немаат пристап до медицинска нега, образование, храна или заштита и поради тоа се повеќе ранливи од болести и насилство.
Над 390 милиони деца погодени од критични околности живеат во суб-сахарска Африка, а близу 65 милиони се изложени на кризите во Блискиот Исток.
Новите податоци се објавени во пресрет на 70-годишнината од создавањето на УНИЦЕФ, која ќе биде одбележана во неделата.
Слично
