Колку деца се убиени досега во Украина?
Во војната во Украина убиени се најмалку 379 деца.
Од одделот за воени злосторства во Канцеларијата на главниот обвинител во Украина, соопштено е дека од почетокот на руската инвазија убиени се најмалку 379 деца, а 733 се повредени. Додаваат дека очекуваат реалните бројки на жртвите да се поголеми со оглед на тоа дека моменталниот број не ги вклучува жртвите на териториите што се под руска окупација и на подрачјата во близина на борбената линија. Украина соопшти дека вкупниот број на загинати ќе го објават откако војната ќе заврши.
foto EPA/SERGEY KOZLOV
Слично
