Колку деца настрадаа, а колку се ранети досега во војната во Украина?
Украинските власти објави дека досега загинаа 139 деца, а повеќе од 205 ранети.
Најголемиот дел од децата жртви се од околината на Киев, од Доњецк, Чернихив, Миколаев, Луганск, Запорожје, Керсон, Житомир и Суми. Животот не им е безбеден ни кога ќе успејат да дојдат на лечење во болница, бидејќи и Русите и нив ги гранатираат.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги критикуваше западните земји што рекоа дека не сакаат да и’ дадат одбранбено оружје на неговата земја, вклучително и борбени авиони. Зеленски го повика Западот „да собере само 1 отсто од храброста на бранителите на Мариупол“.
Повеќе од месец дена има војна во Украина. На 24 минатиот месец Русија ја нападна Украина. Војната на Русија против Украина досега ја чинеше Украина 564,9 милијарди долари (429,3 милијарди фунти) во однос на штетата на инфраструктурата, изгубениот економски раст и други фактори.фото Принтскрин
Слично
