Колку деца исчезнаа во Украина?
Како што објави украинското обвинителство, 329 деца исчезнаа во војната во Украина.
Соопштуваат дека 12.034 деца се депортирани во Русија, додека пронајдени се 7.819 деца. Обвинителството информира дека овие бројки не се конечни затоа што сè уште се работи на проверка на извештаите што доаѓаат од фронтот, како и од другите делови на Украина, пренесе „Танјуг“.
Кон крајот на август, Обединетите нации(ОН) објавија дека околу 1.000 деца се убиени или ранети откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.Русија сега ја уништува енергетската инфраструктура во Украина, а потоа имаат друг план.
Слично
