Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку цивилни објекти се уништени во Украина?

Koлку цивилни објекти се уништени во Украина?

Досега Русите во Украина уништија околу 32 илјади цивилни цели и повеќе од 700 критични инфраструктурни објекти од почетокот на инвазијата во февруари. Податокот вчера го соопшти украинскиот дипломат, Евгениј Јенин. Само три проценти од евидентираните напади се врз воени објекти. Погодени повеќе од 700 критични инфраструктурни објекти – аеродроми, мостови, складишта за нафта, трафостаници…

„Како што и се очекуваше од терористи, Русите гаѓаат цивилни цели. До денес, околу 32 илјади такви цели се оштетени од руски ракети и гранати. Тоа се претежно приватни куќи или цивилни станбени згради”, рече Јенин. 

Јенин рече дека Москва има „манијакална желба да ја фрли Украина во темнина” и дека нема причина да се верува дека нападите ќе престанат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следната недела може да биде тешка како и изминатата недела. Поради руските напади на Украина и пола Молдавија минатата недела остана без струја. 

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН ја повикува Русија да плати репарации на Украина за извршеното уништување. Експертите велат дека треба да се укинат санкциите против Русија во замена за согласност за исплата на репарации. 

Како што објави украинското обвинителство, 329 деца исчезнаа во војната во Украина. 

Русија сега ја уништува енергетската инфраструктура во Украина,  а потоа имаат друг план.

Слично

Поврзани вести