Koлку цивили загинаа во Доњецк, а колку во цела Украина?
Над 136 цивили се убиени во Доњецк од почетокот на војната во Украина.
Како што денеска објавија властите на самопрогласената Доњецка Народна Република уште 630 се ранети. Загинаа 6 деца, а 50 се ранети.
Како што изјави градоначалникот на Доњецк, Алексеј Кулемзин, украинската војска го гаѓала централниот дел на градот, каде што имало две основно и едно средно училишта. Загинале три лица, а уште 18 други се повредени.
Повеќе од 4.000 цивили се убиени за време на војната во Украина, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН. Според ОН, досега во Украина се убиени 4.113 цивили, меѓу кои 264 деца. Додаваат дека речиси 5.000 луѓе биле повредени.foto EPA/ ALESSANDRO GUERRA
Слично
