Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку цивили загинаа досега во Украина?

Колку цивили загинаа досега во Украина?

Во Украина досега загинале над 12.000 цивили. Засега 1.200 од жртвите сѐ уште не се идентификувани. 

Седумдесет и пет отсто од жртвите се мажи, два отсто се деца, а останатите 23 отсто жени. 

„Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, досега се убиени повеќе од 12.000 цивили“, изјави денеска началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, во интервју за новинската агенција Интерфакс-Украина, пренесе ДПА.

Повеќе од 1.500 тела беа пронајдени во областа околу главниот град Киев, откако руските војници се повлекоа на крајот на март. Гробници со убиени цивили имаше и во Буча. ОН досега eвидентирал 4.300 цивилни жртви.

Украина да одлучи колку територија е подготвена да жртвува за мир, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

foto EPA/ OLEG PETRASYUK

Слично

Поврзани вести