Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку цивили загинаа досега во Украина?

Колку цивили загинаа досега во Украина?

Од почетокот на руската инвазија во Украина се потврдени 1.189 цивилни жртви, меѓу кои 98 деца. Овие информации ги потврдија од Обединетите нации (ОН). 

Се смета дека реалниот број на цивилни жртви веројатно ќе биде далеку поголем, затоа што е тешко да се одреди бројката во областите кои се најмногу погодени од борбите, како што е случајот со Мариупол, пренесува Би-Би-Си.

Украинските градови беа предмет на руски воздушни напади и тешки ракетни напади во петнеделната инвазија во која загинаа цивили и беа уништени болници, што е еднакво на воени злосторства, изјави висок претставник на Обединетите нации.

Слично

Поврзани вести