Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини пракса во Белата куќа?

Колку чини пракса во Белата куќа?
Тешко е да се стави цена на можностите што ги дава и нуди волонтирањето и праксата во Белата куќа во Вашингтон, но и трошоците на таквите искуства не се занемарливи. Животот во Вашингтон, транспортот и другите трошоци варираат од 4 до 9 илјади долари. Затоа и некогашните практиканти решија да се обединат и да се заложат и претседателот Барак Обама да стане пример за другите работодавци и ги плаќа своите стажанти. Сите оние на кои им е дадена шансата да го печат занаетот токму во Белата куќа се согласуваат дека искуството што го добиваат е огромно, а професионалните можности неограничени. Проблемот кој тие го посочуваат е тоа што, со оглед на трошоците, не секој Американец може да си дозволи пракса во Белата куќа, со оглед на тоа што не постои никаков паричен надоместок. „Факт е дека овој пристап ги исклучува некои од најдобрите студенти кои едноставно немаат средства", вели еден од поранешните практиканти. Според информациите на сајтот на Белата куќа, оваа пракса не вклучува финансиски надоместоци, не обезбедува сместување, а се очекува дека стажантите практичари да работат барем од понеделник до петок во периодот од 9-18 часа.
Слично

Поврзани вести