Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку чини литар бензин во Русија по украинските напади?

Колку чини литар бензин во Русија по украинските напади?

Цената на бензинот на некои бензински пумпи во Москва и Московската област ја надмина границата од 100 рубли за литар, пренесуваат руските медиуми.

Во Русија ограничувања за продажба на гориво се воведени во повеќе од 50 региони, а земјата која е меѓу најголемите светски производители на нафта се соочува со потреба да набавува бензин од странство.

Како причини за кризата се посочуваат повеќе фактори и од напади со беспилотни летала врз рафинерии, преку проблеми во производството, па сè до обвинувања дека дел од компаниите ја користат ситуацијата за дополнителен профит.

Според коментари објавени во руските медиуми, дел од сопствениците на компании за гориво продолжуваат со луксузен начин на живот додека потрошувачите се соочуваат со повисоки цени. Критичарите тврдат дека големите играчи на пазарот ја искористуваат нестабилноста за зголемување на приходите.

Во јавноста се појавија и тврдења дека дел од проблемите се резултат на внатрешни интереси и економски притисоци. Некои аналитичари ја споредуваат ситуацијата со недостигот на производи во последните години на Советскиот Сојуз, кога создавањето дефицит и паничното купување доведуваа до дополнителни поскапувања.

Критичарите на власта тврдат дека во услови на војна дел од економските елити се обидуваат да ги зачуваат своите профити и да избегнат ограничувања. Истовремено, се поставува прашањето дали државата доволно ефикасно ја штити енергетската инфраструктура и го контролира пазарот.

Ситуацијата со горивото станува уште еден тест за руската економија, бидејќи поскапувањата директно влијаат врз граѓаните, транспортот и целокупниот трошок на живот.

И на Крим снемува гориво по украинските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве информираше дека одобрил 40-дневна операција чија цел е да се зголеми притисокот врз Русија и да се поттикне Москва кон прекин на војната. Според неговата објава на Телеграм, одлуката е донесена по консултации со шефот на државната безбедност, а операцијата ќе биде насочена кон влијание врз руската држава како „агресор“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали „храбриот“ украински претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека тој „добро се држи“ во војната против Русија, објави „Скај њуз“.

Директорот на украинската компанија „Фаер Поинт“ Денис Штилерман објави дека синоќа крстосувачките ракети „Фламинго“ произведени од неговата компанија го нападнале Волгоград. Најмалку пет ракети беа испукани врз рускиот град.

Војната во Украина трае веќе петта година. 

Слично

Поврзани вести