КОЛКУ ЧИНИ ЛЕГЕНДАРНИОТ СЛАДОЛЕД ВО ЦЕНТАРОТ НА РИМ: Корисни информации за сите кои летово ќе посетат градот на Ромул и Рем
Повеќето
ресторани, особено во центарот на градот, ручекот го служат од 13 до 15 часот,
а доколку планирате да посетите некој од попознатите ресторани, потребна е
резервација неколку дена однапред.
Исто така, ретко каде ќе можете да набавите кафе за носење, бидејќи Италијанците имаат правило дека кафето треба да се ужива и да се пие веднаш на лице место, додека е уште топло. Деновиве е тешко да се најде место во центарот, а во близина на познатата Фонтана ди Треви, ќе доплатите за атмосферата, пишува Телеграф.рс.
Пробавме пица на 10 метри од центарот на фонтаната и еве ги цените: „маргарита“ чини 8 евра, „наполи“ чини 9, додека „капричозата“ е 10 евра. Во блиската улица Delle Muratte, има малку поскап ресторан, но има места.
Во ресторанот тестенините карбонара се 16 евра, додека пак оние со прелив од тартуфи 28 евра. Виното е околу 12 евра.
Исто така, во улицата Delle Muratte се продава познатиот Il Maestro del gelato, кој често можете да го видите на фотографиите на туристите кои го посетуваат овој град.
Гужвата пред објектот е огромна, за што е потребна трпеливост за да се дочека слаткото задоволство. Цената на топка сладолед почнува од 4 евра па нагоре, додека половина килограм чини 16 евра. За оние кои купуваат килограм сладолед цената е 29 евра.
ФОТО: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI