Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку Британија ќе ја чини независноста на Шкотска?

Колку Британија ќе ја чини независноста на Шкотска?
На Велика Британија ќе им биде потребно повеќе време за повторно да го има највисокиот кредитен рејтинг „ААА“ ако Шкотска на референдум во септември изгласа независност. Ова е соопштено од страна на американската агенција за оценка на кредитен рејтинг Фич. „Доколку Шкотска прогласи независност, тоа ќе се одрази на пораст на долговите во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Британија, со оглед на тоа што Лондон вети дека ќе ги превземе сите моментални долгови на британската влада, а подоцна од нова Шкотска ќе бара придонес“, пренесува Ројтерс. „За да Британија го врати највисокиот можен рејтинг, односот на долгот спрема БДП ќе мора да биде значително понизок од актуелниот, како и да бележи константно намалување“ се вели во соопштението на Фич.
Слично

Поврзани вести