Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бездомници има во Германија?

Колку бездомници има во Германија?

Во Германија има 236.000 бездомници, a 37.000 живеат на улица.

Во земјата има 236.000 луѓе без постојано место на живеење, од кои 37.000 живеат на улица. Како што соопшти владата, најголемиот дел, 178.000 од нив живеат во прифатилишта за бездомници, 49.000 живеат привремено кај пријатели или роднини, а 37.000 живеат постојано на улица. Од нив, околу две третини, се мажи. Меѓу бездомниците има 6.000 деца, без разлика дали живеат сами или со родителите во засолниште или на улица.

Во последните години голем број бездомници доаѓаат од источноевропските членки на Европската унија, пред се Полска, но и Бугарија и Романија. 

Министерот за труд Хубертус Хајл рече дека новиот начин на водење статистика ќе овозможи насочена помош за ранливите. Работната група за помош на бездомници (BAG W) проценува дека бројот на бездомници е поголем.

Слично

Поврзани вести