Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бегалци заробила „Исламска држава“?

Колку бегалци заробила „Исламска држава“?

Борците на радикалната исламска група „Исламска држава"  заробиле во Ирак до 3 000 бегалци.

Информацијата е на организацијата за бегалци УНХЦР, а според неа досега се убиени 12 заробеници.  Ирачки извори велат дека вчера 100 до 200 борци на ИСИС заробиле околу 1900 цивили.

Во моментов САД предводи воена коалиција против ИСИС во Ирак. Во 2014 година ИСИС успејаа да освојат големи области од територијата на Ирак и Сирија. Во освоените  области членовите на ИСИС прогласуваат  калифат и вршат злосторства против цивилното население. До денес од татковината избегале околу 3,4 милиони Ирачани. До 2009 година населението во земјата беше 28 милиони луѓе.

Во последниве месеци, сепак ИСИС загуби голем дел од територијата. Последниот ирачки град во рацете на терористите е Мосул, а во Сирија - Рака.

Слично

Поврзани вести