Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бегалци од Германија се вратени во Австрија?

Колку бегалци од Германија се вратени во Австрија?

Германија годинава врати 11.700 бегалци во Австрија.

Бројот на бегалците кои  властите во Германија ги враќаат на германско-­австриската граница е голем. Во првите шест месеци од 2016 година изнесува 11.700 вратени мигранти, покажува денеска соопштението со податоци на надлежните власти.

„Германската полиција во периодот од јануари до јули во Австрија вратила 11.700 бегалци“- соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Министерството ги потврди наводите на министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, кој во неодамнешното интервју за германската агенција ДПА изјави дека Германија оваа година во Австрија вратила околу 10.000 бегалци. ­

Во меѓувреме има нов прилив во Грција. Локалните и пристанишните власти бараат грчката Влада да преземе итна акција за да се растеретат пренатрупаните објекти во кои се сместени мигрантите. На грчките острови во изминатите два дена пристигнале 84 мигранти и бегалци.

Слично

Поврзани вести